Единственото решение за конфликтот меѓу Палестинците и Израелците што трае уште од 1882 година е етничко чистење од страна на еден од инволвираните народи извршено врз другиот, вели во разговор за „Локално“, Сем Вакнин, израелски аналитичар и поранешен советник во Владата во времето на владењеето на експремиерот Никола Груевски.

Според него, двете страни одржуваат максимални позиции и жалење за жртвите, но и двете инсистираат да поседуваат 100% од територијата на Палестина/Израел.

-Во моментов, Израел е подготвен да им се одмазди на жителите на Газа за злосторствата на 7-ми октомври и да го уништи Хамас. Но, Хамас е симптомот, а не болеста како што е израелската окупација. Ако Израел успее да го искорени, на негово место ќе дојде друга терористичка организација на отпорот. Истото важи и за Хезболах. Израел е хартиен тигар. Нејзината армија е во лоша состојба, слично на руската армија. Доколку Израел се соочи со агресија на неколку фронтови – Либан, Сирија, Западниот Брег и Газа, ќе биде поразен, оценува Вакнин.