На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ имало проблем во безбедносната контрола, поради што дел од патниците ќе мора да ја напуштат зградата и уште еднаш да поминат низ безбедносната контрола што веќе ја поминале.

Тоа може да предизвика доцнење и забавување на воздушниот сообраќај од белградскиот аеродром.

Проблемот во безбедносната контрола на аеродромот настанал, наводно, кога патниците кои долетале од  Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешна порта.

Така завршија во транзитната зона, каде што не им беше дозволено да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.


Тоа е меѓународно правило и од него нема отстапување.

Патниците од Скопје се запрени и потоа ќе мора да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот.

Се проценува дека суспензијата ќе трае најмалку два часа.