Во изминатото деноноќие од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршени се контроли во повеќе угостителски објекти, на излетнички места како и на концерт за време на музичка манифестација во Скопје.
Во текот на контролата, лишен од слобода е И.П.(42) од Скопје, бидејќи при преглед во импровизиран бункер во мотоцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 пакувања со бела прашкаста материја, а во чантичка под седиштето пронајдени се поголем број банкноти во апоени од 50 евра и од 1000 денари. Кај А.К.(20), исто така, при преглед е пронајдена растителна материја.
Во координација со јавен обвинител против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик.