Вчера во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вршеле легитимирање на Ф.А.(24) од Скопје.

Тој откако им ја дал личната карта, се обидел да избега и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар, по што скокнал во реката, и што се здобил со тешки телесни повреди.

Според МВР се работи на расчистување на настанот.