На куполата на црквата „Свети Атанасиј“ лоцирана на тетовското кале, непознати лица, поставиле албанско знаме.

Знамето било забележано од Црковниот одбор, кој го надгледува овој храм во Тетово. Тој ги ги известил локалните власти, за сквернавење на верскиот локалитет.

Според извештаите, дополнително, забележано е, и знаме на „УЧК“, кое било поставено на бандера во близина на влезот на Калето. Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, потврди дека по добиената пријава веднаш била испратена екипа за увид. Знамињата се отстранети, а во тек е потрага по сторителите.