Актерот Мето Јовановски, еден од доајените на македонското глумиште почина на 77 години, потврдија од Драмски театар за порталот СДК.мк

Јовановски во 1971  завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Македонија.