По осум месеци ефективна пресуда казна затвор за нанесување тешка телесна повреда добија од Основниот суд во Охрид двајцата обвинети за нападот и претепувањето на Христијан Пендиков. Судот го смета за недокажан мотивот од омраза во делото што го извршиле Илија Спасески и Борче Ангелов. Ова за БТА го изјавил адвокатот на Пендиков Стефан Камишевски.

По денешното рочиште пресудата за овој случај е донесена по малку повеќе од две години од првото рочиште за претепувањето на Пендиков во вечерните часови на 19 јануари 2023 година во Охрид.

Христијан Пендиков, тогаш секретар на веќе официјално избришаното здружение ,, Цар Борис III”, беше нападнат и претепан а потоа заради бројните повреди беше однесен на лекување во Воено медицинската академија во Софија.
Според исказот на Пендиков земен веднаш по претепувањето и прочитан во едно од првите рочишта по делото, Спасески влегов во еден од локалот каде што бил Пендиков, и го удрил по главата со зборовите : ,,Не ти е срам да се пишеш Бугарин? “
Откако Пендиков излегол од локалот Спасески со уште две лица го нападнал. Во полиција Пендиков сведочел дека чул женски глас кој им кажал да го остават, бидејќи ќе повика полиција а Спасески одговорил ,,Не треба за Бугарин да се вика полиција, ниту еден да не остане” и тепањето продолжило.

Од записите на камерите во близина кои беа предадени во судот се гледа дека Пендиков е тепан и шутиран од двајца мажи. За делото прво беше обвинет само Илија Спасески од Охрид а подоцна и Борче Ангелов од Битола. И двајцата не признаа вина.
За време на судските рочишта беа земени искази од сведоци и на обвинителството и одбраната а рочиштата беа одлагани повеќе пати.

Деталните мотиви за пресудата донесена од судијата Бојан Мартиновски ќе станат јасни откако таа ќе биде претставена во писмен вид до двете страни во делото а потоа секоја од нив ќе има право да ја оспори во рок од 14 дена.

Извор: Трибуна