Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во говорот на 141-та собраниска седница на почетокот рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од фотелјата, за да седне Талат Џафери кој исто така е дезертер од АРМ.
Милошоски ги спомена најголемите коруптивни скандали и скандалозни јавно-обвинителски одлуки на владата предводена од СДСМ и ДУИ, по што напомена дека „ДУИ и СДСМ се „коруптивна Онкологија за Македонија“.
По говорот на Милошоски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.
		






















