После речиси една година, односно од 12. мај кога избувна голем пожар, мостот Беласица од денеска е одново отворен за сообраќај. Откако ги издржа безбедносните тестови, мостот кој ја поврзува железничката и автобуската станица со „Ист Гејт Мол“, и кој беше еден од важните мостови во Скопје, повторно е отворен.

Мостот беше делумно пуштен во употреба во септември минатата година и сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента и со дозвола само за лесни возила.

Минатата недела на мостот беа извршени неколку безбедносни тестови, по што следуваше одлука за целосно отворање.

На 12 мај мостот го зафати голем пожар, при што беа оштетени цевки и кабли.

Од Град Скопје нема ниту соопштение, ниту информации за тоа што стои во експертскиот извештај за мостот.

Инаку, мостот, поради опожарување, беше целосно затворен за сообраќај.