Со асистенција на полицијата, вечерва камионите од ЈП „Комунална хигиена” во Скопје конечно излегоа на улица да собираат ѓубре. Претседателот на синдикатот кажа дека во протестот се повредени тројца работници. Вработените кажаа дека полицијата привела 4 работници, објави СДК.мк.

Вработените кои протестираат во дворот на претпријатието не дозоволуваа камионите да излезат, лежеа на земја и се буткаа со полицајците. Началникот на полицијата најпрво ги убедуваше вработените да се тргнат и да направат пат, но тие не го слушаа. Потоа, им рече дека секој што ќе попречи полицаец во обезбедувањето на камионите ќе биде приведен.
Потоа дојде до буткање и кошкање меѓу вработените и полицијата, но беше избегнат поголем инцидент. Патот беше пробиен и камионите излегоа.