Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, како дел од израелската борба против милитантната група Хамас.

-Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено, рече Галан, според израелските медиуми.

Тој посочи дека Израел се бори против, како што наведе, „животни во човечки облик“ и постапува соодветно.