Интегрален текст од прес-конференција
Говорник: Бране Петрушевски, пратеник
СДС да каже дали еден од приведените за убиството кај Мавровка го пуштиле да избега од затвор за да им работи за избори? За да го скријат ова расфрлаат ли пердуви?
Е.К. еден од приведените за убиството кај Мавровка избегал од Идризово на 15.04.2024 година, 3 недели пред парламентарните избори.
СДС да каже дали го пуштиле од затвор сега веќе приведениот за убиство со цел партиски да го ангажираат?
Дали СДС расфрлаше пердуви и правеше сценарија рамни на научна фантастика за бегството на Блерим Рамадани, кои исто тие го овозможија за да го сокрие ова?
Срамота е на кое дереџе се симна СДС. Прикрива приведени за убиство и спасува судија измеќар на ДУИ како Пајазит Пајазити.
Од СДС да кажат и да не молчат.
Хаосот и безредието се плод на неспособноста и криминалот на СДС. Одговорност ќе има, се ќе излезе на виделина, затоа и стравот им е голем.
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ