Владата одржува свечена седница по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО. Со седницата претседава техничкиот премиер Талат Џафери. Деновиве се одбележуваат четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека повеќе никој не зборува за Македонија како земја од Западен Балкан на која треба да и се помогне, туку напротив Македонија е на маса, рамноправна со другите земји членко на НАТО. НАТО значи безбедност и стабилност, а тоа го знаат граѓаните, вели Петровска.
Во својот говор таа се осврна и на агресијата на Русија врз Украина.
-Испративме досега 14 пакети на помош во воена опрема, спроведовме обука на наше тло. Но, испративме силна порака. Ќе продолжиме да му помагаме на народот на Украина во борбата против агресорот Русија до конечна победа. Не постои друга опија за слободниот демократски свет освен победата на Украина во оваа неправедна војна, вели Петровска, притоа додавајќи:
-НАТО значои безбедност и стабилност и тоа нашите граѓани го знаат. Но членството во Алијансата е многу повеќе. Седиме на иста маса, рамноправни обединети во Сојуз на 32 демократски земји кои веруваат во исти вредности, порача министерката.























