Каде сте “патриотчиња”? Каде сте кај отидовте…..На власт се, не ги барајте…

Ова го напиша Славјанка Петровска од СДСМ на социјалните мрежи откако пратеници на ДУИ синоќа дадоа поддршка и гласаа за предлогот поднесен од Мицкоски за реконструкција и формирање на нови министерства.

Пред гласањето претходеше средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт, по што со 88 гласови доцна синоќа во 2часот по полноќ предлог законот беше изгласан.