Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во eксклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа од самитот на НАТО во Вилнус, запрашана за тоа што ќе биде значајно за нашата земја во однос на Самитот, особено имајќи предвид дека регионот е исправен пред сериозни безбедносни ризици, одговори дека е навистина потребно да го зголемиме инвестирањето во одбраната како соодветен одговор на сите ризици со кои се соочуваме и на национално ниво, но и како членки на Алијансата.
Знаеме дека до 2018 година, тоа го потврдуваат и официјалните бројки на буџетот на одбрана, дека многу малку беше инвестирано, речиси и да не беше инвестирано во одбраната“, потсети Петровска.
Министерката посочи дека е познато дека зголемувањето на буџетот за обрана на нашата земја започна во 2018 година, откако претходно, за време на режимот на Груевски, нашата одбрана беше опасно запоставена.
Денес, дополни Петровска, ние сме држава што може да се пофали со 1,85% од бруто домашниот производ посветен на одбраната. Тоа значи дека нашата земја нема да се соочи со голем проблем да ги достигне новите правила во НАТО, според кои земјите членки имаат обврска да одвојуваат 2% од бруто домашниот производ за одбрана.
Министерката Петровска појасни дека обврската за издвојување на 2отсто од БДП на членките на Алијансата е почетното ниво.
Тука е важно да се запомни дека обврската од 2 отсто од БДП на земјите членки на НАТО не е максималниот износ, туку почетно ниво, односно минимумот што треба да го издвојува секоја НАТО членка, одговори министерката Петровска во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.
Целото интервју со министерката Петровска на Цивил Медиа