Петнаесетина имиња се најдоа на листите со предлози за кандидат за претседател на државата во рамките на општинските организации на СДСМ, а меѓу нив има актуелни и поранешни политичари, како и поранешни носители на јавни и партиски функции, објави Слободен Печат.

Како што дознава „Слободен печат“, досега во општинските организации на партијата се евидентирани актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, потоа Радмила ШекеринскаЃорѓи СпасовБранко ЦрвенковскиСашо ОрданоскиМаргарита Цаца НиколовскаЗоран ЗаевВенко Филипче и Јован Митревски, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ и иден претседател на Собранието кога ќе се формира техничката влада.

Целата вест на Слободен Печат.