Помина уште една година со празни ветувања за проширување на булеварот Цветан Димов, познат како Чаирчанка, во скопски Чаир. Средствата што беа наменети за почеток на проектот, се земени и се наменети за бришење на казна на Град Скопје. А ова го направило Министерството за финансии, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, оградувајќи се од одговорност, објави ТВ21.

Како што изгледа, од Град Скопје нема расположение за решавање на сообраќајниот хаос што се создава на оваа улица. Барем така вели првиот човек на Чаир, Висар Ганиу, велејќи дека Арсовска не одговорила никако во врска со гореспоменатиот проблем.

-На некој начин сме во магла, која таа ја користи, сака да купи време и се гледа дека примарната цел е да не ја среди улицата Цветан Димов. Инаку работите одеа доста добро се до фазата кога требаше да се избере оператор за експропријација на објектите кои се во линија на проектот, на булеварот Цветан Димов-вели Ганиу.

Целата вест на ТВ21.мк