Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири, објави Телма.

Како што објави Телма тој е заменик претседател на Кривичниот суд а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издрживање на казната затвор.

Судскиот совет одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.

Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на судијата да не определи мерка притвор за Незири и уште три лица.