Мандатарот Талат Џафери ги достави Програмата и Предлог – составот на преодната Влада до Собранието, а спикерот Јован Митрески седницата за избор на новата Влада ја закажа за утре (28 јануари, недела) за 11 часот.
Во Програмата на Владата мандатарот Џафери наведува дека приоритет на оваа Влада ќе бидат успешно организирање на слободи, фер и демократски избори на 24 април и 8 мај, продолжување на сите процеси кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со ЕУ и забрзаната европска интеграција.
Во предлогот на Џафери се најдоа и предложените министри од ВМРО-ДПМНЕ.
























