Владата на Северна Македонија да се огради од проектот „Отворен Балкан“. Никогаш не се ни посомневавме дека оваа Влада е насочена кон реализација на српско-руски проекти, но со вчерашниот „чин“ ги „запечатија“ предупредувањата на Движењето БЕСА, кои докажаа дека владиниот состав е „маша“ во рацете на антинационални проекти, вели Абдуш Демири генерален секретар на БЕСА.

Тој воедно додава:

По неколку обиди за материјализирање на проектот „Отворен Балкан“, Еди Рама, како еден од главните иницијатори, го истражуваше планот за враќање на српско-руската власт на Балканот, преку спроведување на горенаведениот проект, а во последната изјава тој зборуваше против оваа заостаната иницијатива. За разлика од ставот на албанскиот премиер, шефот на Владата на Северна Македонија, Ковачевски повтори дека проектот „Отворен Балкан“ е светла иницијатива, бидејќи преку него послободно ќе циркулираат населението и стоката, што не се случи затоа што оваа година албанската дијаспора се соочи со долги чекања преку границите. Ова не беше доволно за партнерот од коалицијата СДСМ-ДУИ, кој преку „портпаролот“ на Патишта на Македонија – Ејуп Рустеми, повторно го потврди партнерството во врска со овој проект, чувствувајќи се возбудено во прегратките на премиерот на Србија-Бернабик, го промовираше „Програмата“ заедничка меѓу Србија и Северна Македонија во плаќањето на патиштата. Движењето БЕСА бара од Владата за криминал и корупција да се откаже од проектот „Отворен Балкан“, особено кога Косово е занемарено во оваа иницијатива, вели Демири.