Звуците од занаетчиите некогаш ѝ даваа живот на Скопската чаршија, но денес ретко се слушаат од  дуќаните. И тие малку што ги има се речиси пред затворање, пренесува Алсат.

Во дуќанот на Нехат кој воедно е и последниот ковач кој го наследил занаетот во своето семејство, се сретнавме со Имер, кој се сеќава на времето кога оваа улица на Скопската чаршија беше полна со живот.

„Пред педесет години беше поинаку, сега нема работа, нема занаетчии, тој е единствениот што остана. Има уште еден друг кој работи тука. Ова место е полно со историја, но многу се промени“, вели тој.

Таткото на Нехат, Ибрахим Зекири, се сеќава на убавите времиња кога во неговиот дуќан имало и многу купувачи, кои денес се многу ретки.

Нехат е последниот наследник на овој занает бидејќи неговите деца избрале други професии.

Ова беше прва продажба во денот за одржување во живот на овој занает и овој дуќан.

Целата сторија на Алсат.