Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува во Брисел каде ќе учествува на Министерскиот состанок на НАТО.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

– На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението од МНР.