Министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи на маргините на министерскиот совет на ОБСЕ имаше средба со неговиот колега од Тајланд, Сиасак Фуанкегчау.
-Постои огромен неискористен потенцијал за развој на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Тајланд на сите полиња. Посветени сме на понатамошен успешен развој на пријателските односи со Тајланд преку редовни средби и посети на високо ниво, како и интензивирање на економска соработка и трговската размена помеѓу двете земји, порача Османи по средбата.