-Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.
Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена, порача министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.
Тој воедно преку социјалните мрежи порача дека сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат.