Општина Центар алармира до Град Скопје за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради протестот на ЈП Комунална хигиена – Скопје. ,

Како што велат од таму, голем број граѓани денеска се пожалија во општината поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град.

-Општина Центар апелира на итна реакција од Градот Скопје под чија надлежност е ЈП Комунална хигиена. Ние како Општина со своето претпријатие ќе продолжиме со активно одржување на општинските површини. Предупредуваме, надлежните од Градот да не бараат оправдувања туку веднаш да дејствуваат, високите температури надвор, најмалку дозволуваат главниот град да биде претрупан
со смет. Граѓаните плаќаат комунална такса и сакаат чист град, се вели во соопштението.