Опозицијата во Венецуела денеска повика на протести во земјата и во странство со барање да се признае изборната победа на претседателските избори што се одржаа во јули.
– Тоа е исклучително опасно, но сите овде мора да ја продолжат борбата и да останат силни. Единствено што му преостанува на режимот“ се „лагите, репресијата, насилството и деморализацијата. Деморализацијата е стратегија на режимот, објави на социјалните мрежи опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, која се крие веќе две недели.
Најавата за реизбор на претседателот Николас Мадуро за трет мандат предизвика спонтани демонстрации, што беа брутално задушени. Според официјални извори, загинале 25 лица, 192 биле повредени, а 2.400 биле уапсени.
Опозицијата досега организираше само еден голем протест на 3 август, но сега повика на големи демонстрации низ земјата и во повеќе од 300 градови во странство.
Денеска почнаа протести во австралиските градови Сиднеј и Мелбурн, каде демонстрантите вееја знамиња на Венецуела во знак на протест против изборните резултати. Според податоците што ги објави опозицијата, нејзиниот кандидат победил со 67 отсто од гласовите.
Според официјалните резултати Николас Мадуро, чии приврзаници исто така ќе протестираат денеска, победи со нешто повеќе од 51 отсто од гласовите.