Огнената група во ДУИ оди кон формирање на ново политичко движење. Ова го соопшти потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој синоќа ги обелодени имињата на координаторите во Тетово, Гостивар и во рамките на изборните единици број 1 и 2. Според Меџити, сите врати на ДУИ се затворени и повеќе нема простор за дејствување во таа партија.
„Кога нема простор во статутот на ДУИ да функционираме како фракција, нема политичка волја од господинот Ахмети, кој при 4-5 јавни изјави се изјасни за тоа, кога сите оние кои мислат како нас беа разрешени од владините позиции, кога бевме разрешени од Централното претседателство и не бевме поканети, кога добивме диригирани ограноци на начинот на којшто се случи, сметам дека повеќе нема простор да функционираме во ДУИ бидејќи сите врати се затворени“, изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.
Во однос на ова Меџити признава дека постојат разлики во Огнената група. Блерим Беџети и Муса Џафери сметаат дека треба да продолжат како фракција во ДУИ.
Извор: Алсат