Офицерот на израелската армија на Си-Ен-Ен тврди: „Војната не е само со Хамас, туку и со сите ЦИВИЛИ кои не можат да нè гледаат како човечки суштества кои сакаат да нè убијат, изјави официр на израелската Армија во живо на Си-Ен-Ен.


Израел во изминатите неколку денови, како одговор на нападот на Хамас на нивна територија во кој загинаа над 1500 лица, постојано бомбардира цивилни цели во појасот Газа со образложение дека е во војна против милитантната група Хамас.

ОН го критикуваа однесувањето на Израел, порачувајќи дека не смее да има „колективна казна“ врз цивилното население во Газа. Воедно, Израел го одби барањето на Египет да ја отвори границата кон појасот Газа со цел доставување на хуманитарна помош.

Освен гранатирање, Израел одлучи да ја исклучи струјата, да ја отсече водата, но и да го сопре дотурот на гориво во Газа, па Палестинците се соочуваат со хуманитарна катастрофа.