Упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое, вметна графа за етничка припадност во изводите, привремено нема да важи, објави Телевизија 24.
Според оваа Телевизија, одлуката донесена од уставните судии, донесена со пет гласа „за“ и два „против“.
Расправата траеше повеќе од час и половина, а ја следеше Лога. Одлучија постапката за упатството да продолжи, а до конечна одлука, да има времена мерка за упатството да не се применува.
Лога по ваквата одлука кажа дека сега се отвора пандорина кутија, бидејќи според него, во многу наврати не било испочитувано вметнување на графа за етничка припадност.