Систем за итна потрага по исчезнати лица “Најди ме“ од денеска (18.12) станува достапен и во Северна Македонија, со цел да придонесе брзо да се алармира јавноста кога некој ќе изчезне, беше најавено на денешната промоција во Скопје.

Системот стартува со интернет-страницата www.najdime.org.mk, на која ќе се објавуваат податоци за исчезнати лица, откако исчезнувањето ќе биде потврдено од МВР. Пријавата не се гледа во јавност, ИТ лицата кои стојат зад веб – страната ги разгледуваат податоците и ги пријавува во МВР. Потоа се чека повратна информација од МВР и се објавуваат податоците за исчезнатото лице. Веднаш потоа се вклучуваат сите други алки во системот, кажа Александра Радевска од граѓанската организација „Новинари за човекови права“, која е иницијатор на проектот.