Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за истрагата за продажбата на трговскиот центар Соријавија, за која се вели дека внукот на Али Ахмети, Дрини, добил над 39 отсто од акциите без да вложи ниту денар, пишува Алсат.

Обвинителството во ексклузивна реакција за Алсат вели дека го отворило случајот за истрага по допрен глас.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет според допрен глас за купопродажбата на ТЦ „Соравија“.

Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.) , се наведува во одговорот на Обвинителството.