Поради потребата од преземање повеќе дејствија од кои дел во ОЈО Штип, обвинителскиот тим е проширен и е вклучен уште еден, шести јавен обвинител од штипското обвинителство, соопшти ОЈО.
„Увидот нема рок и ќе трае се додека не биде завршен“, рече претходно обвинителот Коцевски. Изрази длабоко сочувство, најави брза и целосна истрага со вештаци од сите области.
Во пожарот во кочанската дискотека, според последните информации, загинаа 59 лица, а повредени се 155.