Елизабета Јосифовска од поранешното СЈО е новиот шеф на основоот јавно обвинитлетво Гостивар.

Со девет гласа „за“ Јосифовска ја добри поддршката на советот. Таа воедно ќе управува со обвинитлеството во кое неодмн е избран и синот на спикерот Талат Џафери.

Јосифовска од СЈО премина во одделнието за борба против организиран криминал, мината година заедно со шефицата Русковска и колешката Ивана Трајчева заработија дисциплински постапки.

Едниствено кај неа комисјата не утврди пропусти и вина за постапувањето во предмет против финаниската полиција.

Петмина обвинители унапредени во републичкото обвинителство. Наталија Тасевска, претседателот на здружението на јавни обвинители, Елвин Вели, Валентина Стојановска и Златко Биковски, поранешен шеф на обвинителството за организиран криминал.

Освен Русковска, поддршка од советот не доби ниту кандидатката Даница Монева. Наташа Гоџовска и екс обвинителот ос СЈО Артан Ајро заминуваат во вишото јавно обвинителство со едногласна поддршка од сите членови на советот со 9 од 9 гласови.

Љубомир Лапе и Ленче Ристовска не го добија максималниот број гласови за да продолжат во трката за обвинители во вишото обвинителство. И останатите 8 кандидатите ги поделија мислењета на членовите на советот.

Ристовска ги доби гласовите на четири членови меѓу кои и Љубомир Јовевски и претседателот на советот Јолевски, но без доволна поддршка.

За обвинителот Лапе кој ја покрена истрагата за скопне 2014 та советот се согласи дека тој има да доврши сериозна работа во одделението за борба против оргазнизиран криминал со предметот кој го отври неодмана. Ристовска останува обвинител во основното јавно обвинитлетсво.