Завршена е рехабилитацијата на државниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“. Активностите ќе бидат заокружени денеска со настан во присуство на вицепремиерот за политички систем Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП) , Ејуп Рустеми.

Патот во должина од 10 километри е целосно обновен со 3,8 милиони евра, обезбедени преку Програмата на ЈПДП.