Општинската организација на Црвен крст – Струга распиша конкурс за обука за негуватели/ки за помош и нега на стари лица. На конкурсот, којшто е отворен до 26 август годинава, како што е наведено, можат да се пријават сите заинтересирани невработени жени, кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за негувателки.
-Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија, да имаат наполнето 18 години, да поседуваат општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование и да бидат мотивирани за вклученост во серверот за нега во домашни услови, при Општинската организација на Црвен крст – Струга по завршување на обуката, стои во конкурсот.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на емаил адресата [email protected], на телефонскиот број 070 276-244 или директно во просториите на струшкиот Црвен крст, по што ќе бидат повикани на индивидуално интервју.