Новиот француски премиер Мишел Барние најави нова политичка насока, јави ДПА.
– Ќе има промени и нарушувања, изјави конзервативниот политичар за новинарите во Париз.
– Франција е во сериозна ситуација и треба да почне ново поглавје. Ќе дејствуваме повеќе отколку што зборуваме, рече 73-годишниот поранешен еврокомесар и преговарач за Брегзит.
Барние нагласи дека сака да „одговори на предизвиците, гневот, страдањето, чувството на напуштеност и неправда што преовладува во градовите, населби и руралните области“.
Потребно е повеќе слушање и почит меѓу владата и парламентот, меѓу самите политички партии и јавноста, додаде новиот француски премиер.