Членот на Извршниот комитет, доктор Игор Николов на денешната трибина насловена „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“  која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за состојбите во македонското здравство и за организацијата и за менаџментот на здравствените установи.

Николов посочи дека и покрај огромен број на вработени административни службеници во здравството и здравствените институции, работите требаше да одат сами од себе, а наспроти тоа пациентите се соочуваат со долги листи и планови на чекање.

„Реално, докторите чувствуваат дека на толку административни работници, работата треба само од себе да оди, а тоа за жал не е случај, за жал, листите за чекање се долги, плановите за чекање се долги и се се пролонгира“, рече Николов.

Тој додаде дека една од работите што треба да се спомене и што е поврзана со Фондот за здравствено осигурување, е позитивната листа, затоа што актуелната гарнитура дојде на власт со најава дека ќе направат модерна позитивна листа и дека ќе имаме модерни лекови.

„Се случи, да позитивната листа не е мрдната последните седум години нула, а  вкупно 11 години. Зошто тоа се случува, не може да се каже, веројатно се нема некаков интерес за да се коригира таа позитивна листа, а веројатно тоа немање на интерес потекнува од повеќе канали или повеќе места,  или пак повеќе центри на моќ кои што имаат интерес да остане оваа стара позитивна листа. Така да, нашите пациенти се лечат со лекови од 95-та година, а сето тоа да резултира со не соодветно, односно немодерно лекување“, истакна Николов.

Посочи дека касниме со инфраструктурата во здравството, но и со позитивната листа на лекови на кои им е поминат рокот, а владата и министерството за здравство ништо не прават.

„И ова оди во прилог на онаа инфраструктура, ако касниме со инфраструктура и е поминат рокот, на позитивната листа и е поминат рокот, се отвора прашањето што чека министерството за здравство и владата последниве седум години и што прави“, додаде Николов.

Запрашан, дали со сето ова може да се каже дека на здравството во Македонија му е поминат рокот, додаде дека имаше такви дебати дека имаме здравство со поминат рок.