Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за ЕУ од оваа влада од која не се гледа ниедно европско однесување особено во делот на криминалот и корупцијата каде нема ден без афера.
„Проблем на државата е што тој наратив се форсира во јавноста, па сега владата била за ЕУ, а ние сме биле против ЕУ, тие биле напредни, а ние сме биле назадни, тие прозападни, ние антизападни, а во суштина сите знаат дека не е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за ЕУ од Владата затоа што не гледам ниедно европско однесување оваа влада, особено во делот на криминал и корупција нема ден да нема афера, нема ден да нема проблем“, потенцираше Николоски.
Зборувајќи за излезот од оваа ситуација во која Владата ја втурна Македонија, Николоски рече дека е потребна силна битка против криминалот и корупцијата и економски просперитет.
„Ситуацијата сега е исклучително комплицирана и исклучително тешка. Македонија мора да ги брани сопствените национални интереси. По мене битката треба да оди во два паралелни пилари. Едниот треба да е силна битка со организиран криминал и корупција затоа што членство во ЕУ значи две работи, економски просперитет и битка со организиран криминал и корупција, односно силна правна држава. Ако за економски просперитет помага многу и ЕУ со фондовите итн., воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото е домашна работа на секоја држава. Тоа мора да го направиме за да не ценат таму повеќе“, подвлече Николоски.