Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Последните три години, пандемијата со Корона вирусот како и војната во Украина, вклучително инфлаторната и економската криза, доведе до тоа државите силно да ги поддржат граѓаните ширум светот. Се проценува дека е потрошено (на светско ниво) 19/20 % од глобалниот бруто домашен производ (БДП) за да се ублажат или намалат социо-економските последици од кризата. Се смета дека за 50 пати повеќе поголема е помошта на државата кон граѓаните зафатени од економската криза во 2008 година.

Ни нашата држава не заостанува во овој поглед: короната, војната во Украина, инфалторната и енергетската криза во светот, ја алармираше и Владата на Македонија да направи пресврт во социо-економските политики, барем какви што ги познаваме последните четири децении. Целта е, барем од тоа што го гледам, да се помогнат и згрижат најсиромашните и најранливите.

Кризите ни покажуваат дека интервенцијата на државата е клучна во економската и социјалната сфера на граѓаните. Во 1930 година, во периодот на Големата депресија, најдолгата и најголема економска криза започна најпрво во Америка, а потоа се прошири низ целиот свет. Се искова терминот, за прв пат, таканаречен New Deal – за прв пат е воведено осигурување во случај на невработеност, така што државата на поединците им дава парична помош за оние кои ќе ја изгубат својата работа. Како што голем број на луѓе во тоа време ја изгубија својата работа, а со тоа и егзистенција, државата им помагаше заради амортизација на стопанските активности кога знаевме дека економијата се наоѓа во слободен пад.

Така и денешната криза предизвикана од корона вирусот, војната во Украина, енергетиката и инфлаторната криза, нашата држава ја проширува поддршката кон разни слоеви на граѓани и стопанственици. Да се обидеме преку бројки, дескриптивниот дел е ужасно важен.

Вкупниот пакет на Владата за поддршка на граѓаните е 662 милиони евра, плус 516 милиони евра помош за системски мерки. Што значи дека поддршката е преку 1 милијарда евра. Не би било фер, земја која е толку сиромашна, оваа околност да не се земе во предвид. Бидејќи парите токму се наменети за граѓаните. Да одиме сосема конкретно.

Помош на пензионери

188.000 пензионери – 36 милиони евра;

92.000 пензионери со пензија до 14.000 денари, пет месеци по 3.000 денари;

42.000 пензионери со пензија од 14.000 денари до 16.000 денари, пет месеци по 2.000 денари;

52.000 пензионери со пензија 16.001 и 19.000 денари, пет месеци по 1.500 денари;

Земојделци

40.000 земјоделци – 8.1. милион евра помош;

Помош за 40.000 земјоделци по 12.500 денари (авансна исплата за растително производство и сточарство);

ПОМОШ за Бизнис секторот

Вкупно 492 милиони евра.

Мерки за поддршка на јавниот сектор

Вкупно 15 милиони евра; итн., итн.

Претходните 8 пакети антикризни мерки, ковид и пост-ковид, 2020 и 2021 година, изнесуваа 1.2 милијарди евра; 7-от пакет антикризни мерки за 2022 година изнесуваше 400 милиони евра; 8-миот пакет антикризни мерки за време на ценовната и инфлаторната криза, есента 2020 година, изнесуваше 350 милиони евра; a вкупниот износ на сите досегашни антикризни мерки за граѓаните изнесува 2.6 милијарди евра.

Е, гледајќи ги овие вртоглави суми, нужно човек треба да се запраша кој е оној што помага директно и конкретно на граѓаните? Овие бројки покажуваа дека оваа помош е универзална, се помагаат сите и никој не е оставен сам. Се гледа и распределбата на парите. И ова е добар аргумент. Никој не е оставен на страна, никој не е исклучен од помошта на државата во ова кризно време.

Добар аргумент ќе беше оној што вели дека државата помага на едни, а на други не. Но, сепак, овде случајот е обратен. Владата им помага на сите преку конкретни целни групи и конкретни суми на пари и програми.

Останува уште да се бориме со најлошите меѓу нас, а тоа е деструктивната Левица и дезориентираната ВМРО-ДПМНЕ, да им покажеме што значи „јавен интерес“ и универзална помош за сите граѓани во оваа инфлаторна, ценовна и енергетска криза.

Да им покажеме дека со помош, добрата Влада на Ковачевски (добра затоа што се грижи во време на криза за сите!) може да го подобри системот на социјална заштита, може со програми за заштита и конкретни мерки за граѓаните кои се со Универзален карактер за сите. Никој нема да биде оставен сам, и тоа, реално, е најдобрата порака која сум ја слушнал оваа година. И таа порака преку конкретни мерки, за мене е сосема доволна. Циниците и противниците може да врескаат, ама тоа нема да значи ништо важно за оние кои имаат реални проблеми. И оние кои знаат дека нема да бидат оставени сами на себе.