Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска предупреди дека Израел „не го кажал својот последен збор“ со нападите што ги изврши рано утринава во јужен Либан за да спречи напад од големи размери на шиитското движење Хезболах.
„Пред три недели го елиминиравме неговиот врховен командант (на движењето Хезболах), а денеска го спречивме неговиот план за напад“, рече Нетанјаху на почетокот на владиниот состанок, цитиран од неговата канцеларија, по нападот што го изврши Хезболах како одговор на атентатот врз еден од нејзините највисоки воени лидери – Фуад Шукр – во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут на 30 јули.
Премиерот рече дека Израел презел превентивна акција против групата Хезболах поддржана од Иран и дека израелската ПВО ги пресретнала сите проектили и беспилотни летала што ја нападнале.
Лидерите на Хезболах и Иран треба да знаат дека нашиот одговор е „уште еден чекор кон промена на ситуацијата на северот на земјата и безбедно враќање на нашите граѓани во нивните домови“ и дека „ова не е крајот на оваа приказна“.