Пред Обвинителството и Судот во Тетово се одржа протест, потикнат од последниот документарец на ИРЛ насловен „Убиство во Тетово“, во кој беа прикажани нови моменти и детали, односно пропусти во истрагата и судењето. Дали се намерни или не, треба да се остави да покаже евентуална нова истрага, но демонстрантите испратија барања до Владата.
Во целост го пренесуваме нивното барање и обраќање:
За 5 години имаме 4 трагедии, 97 жртви и НУЛА дена затвор.
Затоа довербата во правосудниот систем на оваа држава е НУЛА.
Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендери без критериуми. Се виде дека корупцијата убива.
Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружување која ја држи државата во заложништво.
Бараме Владата веднаш да го разреши Јавниот обвинител Јовески и тој заедно со другите обвинители инволвирани во оваа монструозно дело да одговараат кривично.
Бараме да се судат и казнат вистинските виновници, вклучително и политичарите кои спротивно на законот го доделија тендерот за изградба на фирмата Брако.
Нема правда, нема мир!