Законскиот рок за плати е 15-ти во месецот, а денеска до 14:30 часот вработените во ЈСП немаа плата на своите сметки за месец јануари. Иако минатиот месец советот на Град Скопје изгласа субвенции за јавното претпријатие, за да можат редовно да добиваат плата, сепак пари на нивните сметки нема. Поради тоа, утре јавен превоз во Скопје нема да има. Како што информираше Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП, нема да работат ниту билетарите, ниту линиската контрола, ниту работилници, ниту возачите.
-Ги информираме граѓаните на Скопје дека вработените одлучија утре јавен градски превоз да нема. Нема да работат ни билетарите, ни линиската контрола, ни работилници, ни возачите. Сите сме сплотени заедно, ова мора да престане. Навистина, каде ќе им оди душата, мене не ми е јасно. Сите јавни претпријатија во Скопје ја поделија јануарската плата, вработените и советот на Град Скопје ја поделија својата плата, замислете за ЈСП нема плата. Нема плата, нема возење, нема превоз, вели Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП.





















