Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево.

Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во периодот од 9 до 13 часот за корисниците од ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот на улиците „Копенхагенска“ и „Бриселска“ и дел од улиците „Женевска“ и „Софиска“, како и кај Управата за контраразузнавање, ул „Тодор Александров“ и ул. „Славејко Арсов“ во општините Аеродром и Центар