Народниот правобранител Насер Зибери, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека одбил да биде технички премиер на Македонија. Како што вели тој, му било понудено пред на оваа функција да биде предложен Талат Џафери, но сепак тој одбил.

Во тек е изборна година, дали повторно би се кандидирале за претседател?

Не, дефинитивно, не. Јас се откажав и од можноста да бидам премиер во последните три месеци, така што во однос на мојот политички ангажман ставив точка.

А Ви понудија да бидете технички премиер?

Секако.

Кога Ви понудија?

И тогаш, и во разговорите при подготвување на преговорите за техничката влада, вели Зибери.

Како што е познато, Насер Зибери пред изборите во 2020-та година беше кандидат на ДУИ за премиер, или како што велеа тие, кандидат за прв премиер Албанец. Се разбира, тие не освоија доволно гласови за да го добијат мандатот да формираат влада, туку мандатот отиде во рацете на СДСМ. ДУИ влезе во коалиција со СДСМ, а подоцна Насер Зибер беше назначен за Народен правобранител.