Министерството за внатрешни работи (МВР) склучи договор за набавка на нови регистарски таблици, но и на налепници за регистрациите на кои ознаката МК ќе се замени со НМК, пишува Фактор.мк

Според официјалните податоци кои се достапни и објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/6db99bb2-f46a-4cb2-82d8-51a31ae8f924 во спецификацијата за тендерот има и четири типа налепници за регистарските таблички кои се разликуваат според димензиите.

Засега нема информација која ќе биде продажната цена на налепниците, но таа сигурно нема да биде пониска од набавната цена во тендерот.

Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките ќе биде германската фирма „ЕХА Хофман“.

Граѓаните најдоцна до 12 февруари 2024 треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, што е обврска која произлегува од Преспанскиот договор.