Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите, а во врска со настанатиот пожар во судот во Куманово изјави дека не се знае што точно зафатил пожарот, но дека на терен се активирани сите служби за да може да се направи увид и да се утврдат причните за огнот. Во пожарот според првичните информации е изгорена дел од архивата со стари предмети во Кумановскиот суд.

„Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи, според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот“, рече министерот Оливер Спасовски.

Пожарот избувна ноќеска, а чадот е уште присутен во просториите на судот во Куманово.