Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој на изборите на 28 јули го освои третиот мандат, но на кого домашната опозиција и западните лидери му ја оспоруваат победата, синоќа изјави дека на антивладините протести низ земјата, што почнаа веднаш по изборите, досега се уапсени околу 2.000 лица.

Во обраќањето пред своите приврзаници во Каркас мадуро синоќа изјави дека уапсените ќе се соочат со максимална казна, објави Гардијан.

Во судирите со полицијата на протестите низ земјата досега загинале меѓу 10 и 20 лица, покажуваат различни извештаи.

Националната изборна комисија објави дека Мадуро победил на изборите со 52 отсто од гласовите, без да објави целосен преглед на резултатите од поединечните избирачки места.

Опозицијата рече дека според пребројувањето на гласовите, Гонзалес го победил Мадуро со огромна разлика.

Победата на Гонзалес на изборите, меѓу другите, ја признаа и САД, Аргентина, Уругвај и Перу, додека Кина и Русија го поддржаа Мадуро.