Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за
изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 38 степен. Потоа се очекува стабилно и многу топло време.
Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота за кога е најавено дека температурата ќе достигне до 39 степен. Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер.