Министерство за внатрешни работи ќе почне со достава на готови возачки и лични карти на домашна адреса. Ова се прави, како што велат од МВР, со цел да се забрза и олесни процесот на промената на личните документи. Од МВР велат дека ова е пилот проект и дека ќе се спроведува само на територијата на Град Скопје и тоа преку полициските станици. Ова значи дека оние кои се фотографирале за возачка и лична карта, готовите документи ќе ги добиваат на домашна адреса. Воедно МВР извести дека дека во сабота ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот).