МВР денеска на својата официјална интернет страница ја објави потерницата по Исмет Гури, поранешен заменик директор на УЈП, од редовите на ДУИ, кој е во бегство.

Гури беше уапсен во јули месец минатата година заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.

Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми.

Од Кривичниот суд велат дека тој требало да биде вратен во Шутка, откако Совет од тројца судиии во Кривичниот суд одлучувал по жалбата на Обвинителството, за преименување на мерката куќен притвор, во ефективен притвор во затворот во Шутка. Кога судот ја преиначил одлуката и определила мерка притвор, полицијата отишла на адресата на која било пријавено издржувањето на претходната мерка куќен притвор, но таму не го пронашла Гури.